Русите почнаа како на норма и на филмска лента да истражуваат или да произведуваат нови вакцини!

Руските научници подготвуваат единствена вакцина која истовремено ќе заштитува и од сезонски грип и од вирусот корона, рече Евгениј Шлахго, генералниот директор на Националниот медицинско истражувачки центар, Алмазов.

Според него, неколку групи научници работат на тој проект.

Тоа ќе биде комбинирана вакцина. Таа ќе содржи компоненти кои ќе овозможат формирање на имунитет на грипот и короната вирусот, рече Шлахто за телевизијата Рен.

Тој истакна дека вакцината е во почетна фаза на развој, дека престои тестирањето на животни и цела низа клинички тестови. Притоа, веќе се евидентирани позитивни резултати, јавува телевизијата Рен.

Треба да се потсетиме дека на 11 август Русија беше прва на светот што регистрираше вакцина против вирусот корона. Вакцината е направена од центарот Гамалеј и Министерството за одбрана на Русија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *