Русија објави дека развива нова вакцина „ковид-19“ за да ги заштити ласиците на своите фарми за крзно, како и домашните мачки.

Роселхознадзор, руската ветеринарна служба објави дека работи на вакцина за животни што треба да се тестира на есен.

Оваа акција доаѓа откако се појавија случаи на ковид-19 кај домашните мачки во Москва и во другите градови.

Ние работиме на создавање вакцина за животни против новиот вирус корона, рече првиот човек на организацијата, Сергеј Данкверт.

Вакцината е претежно потребна за ласиците, рече Данкверт, додавајќи дека многу луѓе сепак ќе сакаат да ги вакцинираат своите миленици.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *