„Постои важно разбирање и согласност дека Договорот за стратешко офанзивно вооружување (СТАРТ) треба да биде продолжен. Ова е важно меѓусебно разбирање што ќе се реализира. „Но, не можеме да зборуваме за ресетирање на односите“, рече Песков пред новинарите.

Тековниот СТАРТ, кој е на сила веќе десет години, беше потпишан од претседателите на Русија и САД, Дмитриј Медведев и Барак Обама, на 8 април 2010 година, стапи на сила во февруари 2011 година и истекува во февруари оваа година.

Русите денес го ратификуваа продолжувањето на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ за пет години, а членовите на горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, соопштија дека исто така ќе го одобрат продолжувањето денес