Шкотската архитектонска фирма Кетл колектив ги објави плановите за вториот највисок облакодер во светот, кој ќе биде изграден во Санкт Петербург, Русија.

Лалхта центарот II ќе биде висок 703 метри, додека највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, ќе биде висока 828 метри. За споредба, сегашната втора највисока зграда во светот е Шангајската кула, висока 632 метри.

Новиот Лакхта центат II ќе се гради на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот центар Лакхта, кој е највисоката зграда во Европа со висина од 462 метри и е дом на Гаспром.

Новиот Лакхта центар ќе биде пример за одржлив дизајн за светската видоко градба, рече Тони Кетл, менаџер на проектот, пренесува CNN.

Лакхта Центар II ќе има канцелариски простор, простории за сместување и релаксација, на повеќе од 150 спрата.