Русите промовираа ново моќно оружје. Тоа се електромагнетни топови кои уништуваат се што ќе им се најде на патот, а проектилите стигнуваат до целта моментално бидејќи летаат со брзината на светлината.

Максималниот домет на новите руски електромагнетни топови е зголемен на 10 километри. Тоа е значајно подобрување на нивните перформанси бидејќи во почетокот нивниот домет беше еден до два километри.

Тестирањето на електромагнетно оружје во Русија започна од 2015 година, а последното тестови покажа дека овие топови имаат борбен домет и можат да погодуваат летачки цели на далечина од 7-8 километри, а во некои ситуации можат да бидат ефективни и до 10 километри.

Агенцијата ТАСС објави дека уништувањето на авионите на растојание од 10 километри со вакви топови е можно преку палење на нивната електроника.

Според истиот извор, истрелот на електромагнетскиот топ трае милисекунди и дека проектилот ја достигнува целта веднаш затоа што електромагнетното зрачење се шири со брзина на светлината.

Ваквите руски топови на идентичен начин палат и уништуваат цели како на земјата така и беспилотни летала.

Ваквите топови пукаат со електромагнетно зрачење со супер висока фреквенција, така што тие се во можност во дел од секундата да го загреат погодениот предмет на екстремно високи температури.

САД го тестираа својот електромагнетски топ во мај 2016 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *