Директорката на рускиот институт за јавно здравје, Ана Попова, изјави дека е убедена во ефикасноста и безбедноста на вакцините против вирусот корона што се развиваат во Русија.

Не се сомневам дека вакцината што ќе се користи за вакцинација на населението ќе биде апсолутно безбедна и ефикасна – рече таа за каналот Русија 1.

Таа истакна дека никогаш немало вакцина на рускиот пазар чијашто безбедност би можела да се доведе во прашање.

Ние сме многу внимателни кога станува збор за квалитетот на вакцините и ние строго го контролираме тоа, рече Попова.

Како што додаде таа, ниту една компанија која ја развива вакцината нема целосно знаење за одржливоста и трајноста на имунитетот на вирусот корона.

Протоколот за вакцини развиен во Русија предвидува две вакцинирања во рок од три недели, пренесува ТАСС.

Завршено е клиничко тестирање на вакцината на рускиот центар за истражување Гамалеј. Друга вакцина која ја развива Центарот за истражување на вирологија и биотехнологијата Вектор е во фаза на клиничко тестирање. Масовна вакцинација против новиот корона вирус во Русија е планирана за почетокот на октомври.


Напишете коментар