Сподели

Русите решија: Вакцината против вирусот корона нема да биде задолжителна!


Вакцинацијата против вирусот корона во Русија ќе биде доброволно, но луѓето веќе покажаа голем интерес за вакцината, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко како гостин на ТВ каналот Русија1, јавува агенцијата ТАСС.

Мурашко рече дека клиничките испитувања што ги разви центарот „Гамалеј“ се во завршна фаза, додека „Вектор“ доби дозвола за клиничко испитување на вакцината врз волонтерите.
Овие два кандидати за пронаоѓање на вакцината се рамо до рамо за да се обезбеди безбедноста на нашата земја – додаде министерот.


Во Русија се потврдени 806.720 случаи на коронавирус, а скоро 598.000 пациенти се опоравени досега. Починале 13.192 лица.


Сподели