Сподели

Која ќе биде првата држава што ќе ја пронајде вакцината? Русија е на добар пат да го започне со производството на вакцини на есен.

Русија веројатно ќе започне со производство на вакцината против „Ковид-19“ оваа есен, изјави Александар Гинтзбург, директор на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија.

Вакцината се тестира во соработка со руското Министерство за одбрана и Центарот за истражување Гамалеи.

Производството на руската вакцина против вирусот корона веројатно ќе започне во есента 2020 година. Повеќе од 4.000 примероци од плазма на крв беа анализирани со употреба на анти-ковид-19 систем за имунизација развиен од нашиот центар, изјави Гинтзбург за руските медиуми.

Тоа би значело дека руската вакцина може да се појави на пазарот уште следната година.

Русите покажаа добри резултати во лекувањето на болеста КОВИД-19. Досега во Русија се заразени 584 6800 а само 8111 починале од оваа болест. Русија има подобри резултати во лечењето на болеста во споредба со сите големи држави во светот. На пример во САД има 2.330.908 заразени, а починати се 121 999.


Сподели