Тој исто така предложи целата администрација на Трамп да ја прими руската вакцина.

Рускиот институт Гамалеја, кој ја направи првата вакцина против вирусот корона, му соопшти на американскиот претседател Доналд Трамп дека се подготвени да му понудат помош.

Имено, Трамп утрово го информираше светот на Твитер дека и тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на Ковид-19. И додека целиот свет се натпреварува кој ќе му посака брзо закрепнување на Трамп, Русите се единствените кои можат да му понудат помош.

  • Мислам дека, ако тој официјално им се обрати на руските власти, можеме да му помогнеме – рече директорот на Институтот, Александар Гинтсбург.

Тој исто така предложи целата администрација на Трамп да ја прими руската вакцина.