Тестирањата на првата вакцина во светот против вирусот корона, врз доброволци на Сеченовскиот Универзитет во Русија, се успешно завршени, рече директорот на Институтот за медицина и биотехнологија на тој универзитет, Вадим Тарасов.

Првата група на доброволци ќе биде отпуштена следната недела, на 20 јули.

Клиничките испитувања започнаа на 18 јуни. Вакцината ја изработи истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Целта на оваа фаза на студијата беше да се потврди безбедноста на вакцината за здравјето на луѓето и тоа беше сторено.

Безбедноста на вакцината е потврдена во оваа фаза. Таа е на исто ниво како и безбедноста на вакцините кои веќе постојат на пазарот, рече директорот на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и преносни болести на истиот универзитет, Александар Лукашев.

Волонтерите беа поделени во две групи, првите добија една доза на вакцината, втората група две.

Покрај температурата, првите неколку дена по вакцината, немаше повеќе несакани ефекти кај волонтерите и сите се чувствуваат добро, велат во Институтот.

Волонтерите биле изолирани долго време, нивниот контакт со надворешниот свет бил ограничен уште пред да ја примат вакцината, за да не се заразат со вирусот на корона.

Долгиот период на изолација се одрази на менталната состојба на волонтерите, така што во текот на тестирањето имаше конфликтни ситуации, имаше многу емоционална напнатост и затоа во работата беа вклучени и психолози, открива Тарасов.

Волонтерите наскоро ќе се вратат во секојдневниот живот, ќе можат да одат на работа, да спортуваат.

Како ќе се развијат работите понатаму во однос на вакцината зависи од сложеноста на епидемиолошката состојба и можностите за масовно производство.


Напишете коментар