Руските специјални служби ги имаат сите потребни докази за заговор против белорускиот претседател Александар Лукашенко, како и признанијата на некои заговорници.

Ова денеска го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Специјалните служби имаат докази. Нашите специјални служби спроведоа операција за да спречат извршување на криминални планови за уривање на легитимната влада во Белорусија, рече Песков, пренесе руската агенција ТАСС.

На 17 април белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека опозицискиот политичар Григориј Костушев, политичкиот аналитичар Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенкович направиле заговор да го убијат него и неговите синови.

Одговорноста за заговорот ја припишува на американските разузнавачки агенции и американските лидери.