Министерството за одбрана на Русија соопшти дека бил соборен Рускиот хеликоптер Ми-24 .Тој бил соборен од од пренослив систем за противвоздушна одбрана во близина на границата со Азербејџан.

Хеликоптерот се урнал во селото Ераш, близу границата со Азербејџан. Двајца членови на екипажот загинале, додека третиот е повреден и е пренесен во базата.

Истрагата продолжува а руското министерство сооопшти дека нема да остави на никаква случајност и дека некој мора да ја прифати одговорноста за овој настан .