Ако по некоја случајност беше избрана најатрактивната фитнес убавица во регионот, нема сомнеж дека во конкуренција ќе беше и црногорската снаа, Марина Довгал-Симовиќ.

Таа е Русинка која има 36 години и има три деца, а е омажена во Цетиње, каде живее 10 години.

Марина привлече големо внимание со своите фотографии на Инстаграм, особено оние на кои се гледа како цепи дрва во бикини.

Се разбира, тие фотографии наидоа на многу позитивни коментари, затоа што Марина изгледа како „милион долари“ и дека тренира напорно од ден на ден.

Сепак, имаше и негативни коментари, а Марина имаше јасна порака за „хејтерите“:

Благодарност до сите што не се рамнодушни кон мојата страница и испраќаат слики едни на други, дури и на свекрвата! Тоа ја зголемува статистиката на Инстаграм! Се разбира, полесно е да се види сè, од каучот или од кафулето и да се зборува за тоа како треба да живеат жена и мајка на три деца и што треба да прават. Ако сакате да ми дадете совет, напишете ги на 100 евра и пратете ми ги, со задоволство прифаќам! Кучињата лаат, караванот си врви! Испратете го мојот пост до сите сплеткароши и љубоморни, експерти од каучот, напиша таа.

Интересно е што Марина има завршено економија и моментално полага испити на Академијата за спорт за личен тренер.