МОСКВА – Претседателот на Одделот за надворешни односи на Руската православна црква, митрополитот Волоколамск, Иларион, ги повика верниците да се откажат од традиционалното капење во ледена вода на Богојавление годинава.

„Во сегашната ситуација кога беснее вирусот, кога телото на многу луѓе е ослабено поради болеста, не би советувал ниту еден од православните верници да нурне во вода“, рече митрополитот во емисија на ТВ „Русија 24“.

Тој не смета дека многу православни христијани ќе се одлучат за капење на Богојавление в година.

„Јас лично донесов одлука да не влезам во ладната вода и мислам дека сега не е време да го тестирам моето тело на овој начин“, истакна митрополитот.