Шефот на руската надворешно разузнавачка служба, Сергеј Наришкин ги обвини Соединетите држави дека користат бескрупулозни методи за разгорување на ситуацијата во Белорусија со уфрлање на радикални националисти и екстремисти во земјата.

Како што објасни, овие екстремисти се подготвуваат на териториите на Полска, Грузија и Украина, како и во балтичките земји со посредство на Пентагон и ЦИА.

Борците за оваа нова Белорусија се подготвуваат во Полска, Грузија, Украина и балтичките земји со учество на инструктори на ЦИА и Пентагон, како и со помош на разни невладини организации кои стојат зад американскиот Стејт департмент, рече тој.

Тој исто така го обвини Вашингтон за мешање во верската ситуација во Белорусија, обидувајќи се да ги подели католиците и православните во таа земја.

Американците се обидуваат да го искористат воздржаниот став на Ватикан и да вклучат што поголем број католички свештеници во протестите, додаде тој.

Наришкин исто така рече дека Америка ги повикува католичките свештеници отворено да ја критикуваат белоруската влада и да користат религиозни платформи за спроведување на опозициска пропаганда меѓу верниците.