Доколку биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), руската вакцина против ковид-19, Спутник V, може да биде достапна во Заедницата најрано на крајот на оваа година. Ова го објави во интервју за францускиот национален дневен весник Ле Фигаро, еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Не мислам дека потребниот број на дози на Спутник V ќе биде достапен во Европа до крајот на 2021 година, рече Бретон, кој ја координира политиката за вакцинација на Комисијата. Регулаторот на ЕУ, според Бретон, треба да го испита руското досие во следните недели.

Според еврокомесарот, сè уште нема податоци во документите за вакцините, па затоа процесот на проценка може да трае подолго. Тогаш ќе биде потребно да се најдат производствени капацитети. Русија бара партнери во Европа, но сега тие се вклучени во производството на веќе одобрени вакцини.

Бретон рече дека се планира 70 отсто од возрасната популација во Европа да биде вакцинирана до средината на јули. Што се однесува до вакцинацијата, ние сакаме да им дадеме приоритет на граѓаните на ЕУ, истовремено исполнувајќи ја нашата мисија за солидарност, со доставување вакцини до остатокот од светот, објасни еврокомесарот.

Во ЕУ во моментов се користат четири вакцини: Pfizer, Modenra и AstraZeneca, за кои голем број земји од ЕУ воведоа ограничувања на употребата поради опасни несакани ефекти и Johnson & Johnson, кои ги замрзнаа пратките во ЕУ на 13 април поради сомневања дека вакцината има опасни несакани ефекти.