Сега е периодот кога владеат вирусите, а многу граѓани бараат начин да се заштитат од нив со помош на природни состојки. Стана многу важно што внесуваме во организмот, па овој рецепт е еден од наједноставните начини да се обидете да спречите добивање на инфекција.

Традиционалните народни лекови од руската алтернативна медицина откриваат уникатни рецепти базирани на најздравите намирници.

Вирусите, настинките и грипот доаѓаат со првите постудени есенски денови, кога сме многу чувствителни и дополнително ни е нарушен имунитетот.

Во тој период, особено за време на глобалната пандемија на коронавирус, лекарите препорачуваат да го зајакнеме телото, имунитетот и да бидеме подготвени да се соочиме со вирусот и грипот.

Ако често сте преморени и се чувствувате како да немате доволно енергија, тоа е првиот знак дека имунитетот е сериозно нарушен.

Овој ефикасен руски еликсир ќе придонесе за прочистување на целиот организам и ќе ја врати изгубената енергија. Овој препарат се користи во форма на пијалок, а главни состојки се лук, маслиново масло, природен мед, зелен чај, потоа мали количини смола, јаболков оцет и црн пипер.

Овој рецепт е познат како рецепт на Људмила Григоријевна Пучко, познат руски академик.

За да го подготвите овој рецепт, треба да имате 2 лажици ситно сецкан лук, 3 лажици маслиново масло, 5 лажици природен ливадски мед, 50 милилитри сварен зелен чај и половина кафена лажичка мелен пипер, природна смола и една кафена лажичка јаболков оцет.

За да го подготвите препаратот, треба да го пржите лукот на маслиново масло една минута. Додадете ги сите други состојки и измешајте сè на тивок оган пет минути. Потоа се трга од оган и се остава да се излади, се чува во стаклена тегла, се затвора со капак и се става во фрижидер.

Земете една кафена лажичка дневно, секогаш во исто време. Не е важно дали го земате еликсирот пред или после оброк.