Ловци од типот SU-30SM односно воздухопловните сили на Белорусија и воздухопловните и вселенските сили на Русија патролирале долж државната граница на Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Денеска во воздушниот простор долж државната граница на Белорусија патролирала мешовита тактичка група во која биле вклучени повеќенаменски ловци SU-30SM – се наведува во соопштението на министерството кое е објавено за медиумите.

Донесена е одлука за зголемување на составот на дежурните сили за против-воздушна одбрана и заедничките патроли долж државната граница.

Во соопштението се објаснува дека одлуката е донесена поради честите летови на различни видови авијации во близина на државните граници на Белорусија и ова е направено во интерес на спречување на прекршувањето на државната граница.