Капитенот на Зенит Санкт Петерсбург и на руската фудбалска репрезентација, Артем Ѕјуба е предмет на потсмев во својата земја, откако на Интернет се појави видео на кое се гледа како мастурбира додека лежи во кревет.

Иако не е јасно кој го објави видеото, руските набљудувачи проценија дека на видеото се слуша звук од руската ТВ-мрежа „Меч ТВ“ и пренос на меч од декември 2019 во кое коментира згодната ТВ-презентерка Марија Орзул.

32-годишниот Ѕјуба засега не го коментираше видеото, но ги блокираше коментарите на својот Инстаграм профил. Ѕјуба, кој има сопруга и две деца, и покрај тоа е предмет на потсмев на коментаторите.

„Артем Ѕјуба може да не игра против Краснодар, бидејќи следи ИНДИВИДУАЛЕН тренинг програм“, вели еден коментар, додека другиот коментар му дава црвен картон поради „игра со рака“.

извор : https://topsport.mk/