Руски опозиционер телефонски ги измами агентите за државна безбедност да признаат …

Приказната наречена „Да се докаже дека Русите го отруле Алексеј Навални“ доби нов пресврт, кога самата жртва, според нејзините зборови, успеала да ги измами агентите на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) кои признале дека го отруле. Веројатно досега не сте прочитале нешто посмешно на посериозна тема, но рускиот опозиционер Навални изјави дека руски оперативец, член на ФСБ, се обидел да го отруе со нервн агенс преку неговата долна облека.

Навални изјави дека рускиот агент признал дека во неговата долна облека бил ставен отровен агенс, пишува британски Гардијан.

Навални наводно бил отруен од „новодојденец“ на 20 август додека се враќал од Сибир, а неколку дена потоа бил префрлен во Берлин, каде се наоѓа и денес. Москва негира дека учествувала во труењето на Навални и бара докази за да започне истрага . Руските власти реакоа дека е можно Навални бил отруен во Берлин.