Нов сајбер скандал: Руските хакери украле тајни податоци за трговијата меѓу Велика Британија и САД?

Во тек е истрага за тоа како се откриени документите, велат во британската влада.

Руските хакери, наводно, украле тајни податоци во врска со трговијата меѓу Соединетите држави и Велика Британија, тврдат светските медиуми.

Според Ројтерс, руските хакери украле информации преку е-пошта на поранешниот министер за трговија на Велика Британија, Лиам Фокс.

Оваа новинска агенција посочува дека во периодот од 12 јули до 2 октомври 2019 година, е-поштата на „Фокс“ била хакирана неколку пати.

Во тек е истрага за тоа како се откриени документите, па сега не би било соодветно да се коментира за инцидентот, објаснуваат британските власти. Како што пренесува Скај, во британската влада проценуваат дека системите на државната администрација и службениците се сега безбедни.

Велика Британија, заедно со САД и Канада, во средината на јули обвинија дека руските хакери извршиле серија сајбер-напади врз институциите на овие земји.

Според некои извештаи, хакерите, наводно, сакале да добијат информации од истражувањата за вакцината против вирусот корона.

Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на тоа со порака дека ќе одговори со реципрочни мерки на санкциите на ЕУ против руската воена разузнавачка агенција, поради наводни сајбер напади.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *