Сподели

Руските истражувачи, кои работат на вакцина против коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако сами ја тестираа.

Научниците од Центарот за истражување на епидемиологија и микробиологија Гамалеј, тоа го направија за своја заштита и за да можат да продолжат да работат на тој проект, изјави директорот на Центарот, Александар Гинзбург.

„Сите се живи, здрави и среќни“, рече Гинзбург на прашањето дали има несакани ефекти.

  • Заштитени се сите оние кои биле вклучени во развојот – рече тој. Гинзбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, во која се користи ослабен вирус за да се испорачаат мали делови од патогенот и да се зајакне имунолошкиот одговор.

Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар на оние кои работат на вакцината, пред-клинички истражувачи и технолози.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите извршени на мајмуните со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да започне клинички испитувања врз луѓето, посочи Гинзбург.


Сподели