Во Русија масовната вакцинација против коронавирусот започна на 18 јануари.

Шефот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург, се надева дека вакцинацијата со руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, гарантира доживотен имунитет, пренесува Србија Данас.

„Се надевам дека вакцината ќе делува, не само во временски период од една година или две, туку доживотно. Се вакцинирав двапати, па ете, ќе поживеам пет, десет години подолго“, изјавил Гинзбург.

„Доколку кај нив антителата варираат на ниво кое штити два, три, четири дена, значи дека им се образувале мемориски клетки, односно по првата вакцинација сочуван е нивниот имун одговор. Тоа испитување ќе го спроведеме за една година, до година и пол“, прецизирал тој.