Ширењето на новата инфекција со коронавирус не се разликува од сценариото на која било друга акутна респираторна вирусна инфекција, рече директорот на Рускиот научен истражувачки институт за заштита од чума „Микроб“, Владимир Кутирев, на форумот „Здраво општество“.

Денес можеме да констатираме дека нема ништо натприродно во развојот на епидемиолошкиот процес, што би го разликувал (вирус корона) од другите акутни респираторни вирусни инфекции. Сезонското зголемување (инциденцата) се поклопува со сликата забележана со која било друга респираторна инфекција, објасни Кутирев.

Фреквенцијата на мутации на вирусот корона на територијата на Русија е помала отколку кај вирусот на грип или ебола во Западна Африка, додаде тој.

Кутирев исто така рече дека Институтот „Микроб“, заедно со Државниот научен центар „Вектор“, ја следат варијабилноста на вирусот ковид 19 врз основа на податоците за секвенционирање.

Денес во базата на податоци во светот се презентирани 157,5 илјади геноми на вирусот ковид-19 од различни делови на светот, што никогаш порано не се случило. прецизира Кутирев.

На 11 март, Светската здравствена организација објави пандемија на нов вирус корона. Според последните податоци, досега во светот се заразени над 43,8 милиони луѓе, од кои повеќе од 1,1 милиони починале. До денес, во Русија се регистрирани вкупно 1.531.224 случаи, од кои 26.269 починале.