Су-25 е еден од најзастапените авиони во руските воздухопловни сили и учествуваше во разни конфликти од интервенцијата на тогашниот Советски сојуз во Авганистан.

Русија одлучи да ја надогради својата флота авиони Су-25 за да може да биде подготвена во секој момент да одговори на која било воена задача.

Според руските медиуми Су-25 е еден од најзастапените авиони во руските воздухопловни сили и учествувал во разни конфликти од интервенцијата на тогашниот Советски сојуз во Авганистан.

Су-25 е наречен „летечки тенк“, бидејќи има силен оклоп и отпорност на авионите, а првични задачи се да ја поддржат пешадијата. Новите верзии на овој авион изгледаат помалку како “летечки тенк“, а пукањето на ракетите и пуштањето на прецизни бомби е забрзано. Исто така, врз основа на искуството од воените операции во Сирија, подобрена е заштита од непријателски проектили и системот за таргетирање е подобрен во сите временски услови.

Исто така, новиот Су-25 може да носи различен арсенал на модерни бомби и проектили.

Објавено е видео од најновата верзија на „оклопните“ авиони и како се однесува во акција.


Напишете коментар