Сподели

Сириската „мини-Света Софија“, според промоторите на проектот, може да биде изградена во регионот Хама.
Ова го објавија сириските и либанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до владата во Дамаск, кои ја претставуваат операцијата како еден вид руско-сириски одговор на турската одлука да ја претвори Света Софија во џамија.


Поставувањето на камен темелникот на идната црква се случило во градот Ал Сукаилабијах ( град во областа Хама, кој пред војната беше населен со околу 20.000 православни христијани ). На церемонијата присуствувалњ преставници на руската Дума (рускиот парламент) и преставници на грчката православна патријаршија во Антиохија (со седиште во Дамаск).


Според извештаите, руските војници стационирани во базата кај Латакија веќе подготвуваат планови за изградба на новата црква. Надел ал Абдула се претстави како промотор на иницијативата. Тој се истакна во војната во Сирија како шеф на борбените сили составени од Христијани, кои беа лојални на власта на Асад, а кои водеа повеќегодишни борби со милитантните џихадисти на Исламската држава или Jабат ал Нусра.


Абдула изјави дека веќе е обезбедена локацијата на која треба да се изгради сириската „Мини-Света Софија“.
Сириските и либанските медиуми ги објавија изјавите на рускиот парламентарец Виталиј Милонов, според кој руските православци се подготвени дарежливо да ја поддржат изградба на црква во Сирија со симболите на Света Софија.


Сириските медиуми ја претставија оваа акција како одговор на турската одлука Света Софија повторно да стане џамија.
Членот на руската Дума, Милонов изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад никогаш не планирал да ги претвори храмовите на одредена верска заедница во места на молитва поврзани со други верски заедници.


Приказната за античката Света Софија, сега добива друга димензија, да биде изградена во Сирија и на тој начин на Ердоган да му биде испратена силна порака.


Сподели