Русија одлучи дека вакцинацијата против КОВИД 19 нема да биде задолжителна, рече министерот за здравство на таа земја, Михаил Мурашко.

Според Министерството за здравство, вакцинацијата во Русија ќе се изврши само со писмена согласност од граѓаните.

„Денес, интересот за вакцини е доста голем, затоа што луѓето ја разбраа целата важност на вакцинацијата“, рече Мурашко. „За време на овој период на ширење Ковид-19, се зголеми бројот на приврзаници за вакцинирање“.

Во мај беше сугерирано дека законот на Русија за административни престапи вклучува парична казна за одбивање на задолжителна вакцинација. Иако сè уште се разговара, новиот кодекс ќе предвиди казна до 7.000 рубли (100 американски долари) за граѓаните кои одбиваат вакцинација, што се смета за неопходно.

Според руските медиуми специјализирани за здравство, казната би се однесувала само на оние лица кои вршат работа и имаат активности каде постои голема можност за инфекција или контакт со заразените.

Мурашко откри и дека Русија во моментов работи на 17 вакцини, од кои секоја се смета за „ветувачка“. Минатата недела, руското Министерство за одбрана објави дека тестирањето на лекот, развиен од московскиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеи, поминало добро, додека волонтерите кои промиле вакцина немале никакви несакани ефекти. Ако се оди добро, вакцината се очекува да биде регистрирана во август и наскоро ќе биде пуштена во масовно производство.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *