Лидерот на рускиот мото-клуб „Ноќни волци“, Александар Залдастанов, попознат како Хирург, им ја честиташе победата на Српската православна црква и на народот во Црна Гора, каде што во неделата се одржаа парламентарните избори.

Внимавајте прво на СПЦ а потоа на народот!

Залдастанов испрати честитки до српскиот патријарх Иринеј, Митрополитот Црногорско приморски, Амфилохије, српските и црногорските браќа, како и мото клубот „Ноќни волци“ во Црна Гора.

„Не ги даваме светилишта“, рече Залдастанов на српски јазик во пораката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Залдастанов исто така изјави дека ако се искачите на највисокиот врв во Црна Гора, од таму можете да го видите Кремљ.

„Непријателите не можат да нè променат, тие не можат да ги претворат русофилите во русофоби“, рече тој.

Московската патријаршија се надева дека, по промената на власта во Црна Гора, ќе биде ревидиран законот за конфискација на храмови и светилишта на Српската православна црква.

И тоа е суштината. Преку своите алтернативни упоришта Путин ја испрати пораката, дека не дозволува промена на црковните односи во православието без согласност на Москва.

Непослушноста на Вселенската Патријаршија беше казнета со руската премолчена согласност Света Софија повторно да се претвори во џамија. И сега не е проблемот толку во шверцот на Мило ( на тоа веќе сите навикнаа ) туку во неговото настојување да ја ревидира на минимум позицијата на СПЦ во Црна Гора.

Тоа е порака на Путин и до Вучиќ дека преку СПЦ во Белград и СПЦ во Црна Гора Русија може да го притисне до зид неговиот режим кога сака и како сака.

Очигледно дека со изборите во Црна Гора е испратена и американска и руска порака. Преку руската порака Москва покажа дека е новиот трет Рим во православието.

А сето тоа е поврзано со Украина и т.н. Киевска Русија која се смета како место на раѓање на денешната моќна руска држава!

Американската порака е изненадување: Очигледно компензација за Косово може да биде ( повеќе ) Црна Гора а ( помалку ) дури на второ место Република Српска!

Но потпис на сето тоа ќе биде ставено дури по изборите во САД. До тогаш се ова ќе биде профактура, а дури по изборите ќе бидат испорачани фактурите!


Напишете коментар