Основното јавно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Скопје, по допрен глас, отворило предмет во рамките на кој се споменува името на поранешниот пратеник, а сега Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски. Вилма Русковска, првиот човек на ова Обвинителство, за нашиот портал потврди дека е отворена таква постапка, но дека не може да прејудицира дали таа ќе биде процесуирана или отфрлена. Тоа треба да го покаже самата истрага, вели Русковска.

За што станува збор? Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи беше објавена информација каде се споменуваат повеќе имиња познати во јавниот живот. Тој текст што кружеше на социјалните мрежи ние ќе го пренесеме во целост, без да го коментираме.

Според Рускоска за овие напишани работи е отворен предмет кој е заверен во архивата на Обвинителството и и ќе се постапува по допрен глас. Натамошната истрага ќе покаже дали овие тврења се точни.

Ние го контактиравме и Александар Николоски. До објавата на оваа информација се уште не добивме одговор од него.


Напишете коментар