Новинарот Георгиос Караиваз беше ликвидиран пред неговата куќа во областа Алимос во грчката престолнина Атина.

Според првичните информации, двајцата сторители се возеле на мотор и со огнено оружје го погодиле новинарот. Георгиос Караиваз бил застрелан шест пати кога излегол од својот автомобил откако се вратил дома по завршувањето на емисијата на ТВ Стар.

Во тек е потрага по сторителите. Се проверуваат сомнителни автомобили и мотори. Полицијата собира информации од локалното население и бара снимки од безбедносните камери.

Веста за убиството на Георгиос Караиваз ја шокираше не само здружението на новинарите, туку и јавноста. Со години известуваше за полициски извештаи во различни грчки медиуми. Тој е администратор на страницата со полициски вести блоко.гр