Оваа техника користи крвна плазма богата со антитела од луѓе кои веќе оздравеле од болеста и веќе се користи на повеќе од 70.000 луѓе во САД.

Претседателот Доналд Трамп кажа дека лекувањето може да ја намали смртноста за 35 отсто.

Одлуката доаѓа откако Трамп ја обвини ФДА дека спречува развој на вакцина и лекови од политички причини.

„На ова долго му се радувам“, им кажа претседателот на новинарите синоќа.

„Задоволство ми е што навистина историски ја најавувам нашата битка против кинескиот вирус која ќе спаси безброј животи“, кажа Трамп, истакнувајќи дека ова е пресвртница.


Напишете коментар