До случувањата и трагедијата во мудуларниот ковид центар во тетовската болница, министерот за здравство Венко Филипче сакаше да биде македонски Александар Вучиќ. Стратегијата еден милион вакцинирани до 1-ви или до 17-ти октомври беше изборна стратегија со која СДСМ сакаше да победи на локалните избори.

По настаните на 8 септември и хаваријата во тетовската болница работите се менуваат и ќе видиме како СДСМ ќе одговори на новите моменти.

Во изминатите 18 месеци ВМРО ДПМНЕ неуспшешно се обидуваше да најде одговор на стратегијата на Филипче. Затоа и беа тие брутални напади врз министерот за здравство.

Со рејтинг од близу 80 отсто, во ланскиот прв бран на пандемијата, Филипче беше убедливо најпопуларен македонски политичар во осамостојувањето. Гласовите на Беса и рејтингот на Филипче, од страна на лидерот на опозицијата беа посочени како причини за нивниот изборен пораз.

Истрагата е во тек, а министерот поднесе оставка, ќе видиме дали докторот Филипче ќе може да го реанимира политичарот Венко. Тоа е тема на вечерашната анализа на емисијата Во Центар.