Поранешниот јордански престолонаследник Хамза лојално ќе го поддржува кралот Абдулах Втори, се вели во соопштението на судот два дена откако властите ги ограничија слободата на принцот и го обвинија за учество во активности против стабилноста и безбедноста на Јордан.

Претходно во понеделникот, кралот Абдулах го замоли принцот Хасан, неговиот вујко, за медијација.

По средбата со Хасан, Хамза потпиша изјава со која изрази поддршка и лојалност кон неговиот постар полубрат Абдулах.

Интересите на татковината мора да останат над сите и сите мора да го поддржуваме кралот во заштитата на Јордан и националните интереси – пишува во изјавата потпишана од Хамза.

Во светло на настаните во изминатите два дена, јас им се предавам на рацете на Неговото височество Кралот и секогаш ќе му помагам и ќе го поддржувам неговото височество и неговиот престолонаследник – се наведува во изјавата.