Пред точно 20 години, аргентинското момче Лео Меси потпиша договор со Барселона. Сега, две децении подоцна, сите се молат клубот да не дозволи тој да си замине незадоволен од Ноу камп.

Благодарение на аргентинските претставници Фабијано Солдини и Мартин Монтеро, како и на неговиот клучен контакт во Шпанија, Хорацио Гаџоли, Лео пристигна во Каталонија, а токму Гаџоли го објави „оригиналниот договор“ меѓу Меси и Барселона.

Џоан Гаспар, тогашниот претседател на Барселона, сметаше дека е ризично да се склучи каков било договор со така млад играч, откако ќе го виде како игра таму на еден натпревар, но Гаџоли им се закани на Каталонците дека Меси ќе им понуди на другите клубови, вклучувајќи го и Реал Мадрид.

Три месеци по првичниот контакт со Каталонците, Гаџоли играше тенис со тогашниот технички директор Карлес Рексач. По натпреварот, тие останаа на ручек, каде им се придружи и Жозеп Марија Мингела, човекот кој донесе многу одлични играчи во Барселона. Гаџоли и Мингела го притиснаа Рексач да донесе одлука за Меси, и тој зеде хартиената салфетка и на неа напиша неколку реченици со кои го одобрува доаѓањето на Меси.

Салфетката ја потпишаа Рексач, Мингела и Гаџоли. Седум дена подоцна, Гаџоли и Рексач самите му дадоа официјална валидност на документот. Гаџоли, кој сега живее во Андора, ја чува салфетка во сефот на банката Кредит Андора.

Мислам дека салфетката треба да биде во музејот во Барселона. Тaa салфетка ја смени историјата на клубот.

Пред неколку години, музејот контактираше со Гаџоли, но разговорите беа прекинати кога клубот му соопшти дека станува збор за „доверлив договор“ и дека повеќе не би го изложувале во јавноста „сè додека Меси не се повлече или не го напушти клубот“.