Поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша смета дека обединувањето на Косово и Албанија е неизбежно, го пренесува пишувањето на косовските медиуми, Косово онлајн.

Според мене, националното обединување на Косово и Албанија е неизбежно, рече Бериша за Економија онлајн.

Идејата за национално единство, како водечка идеја и идеал, беше диктирана, од една страна, од најголемите европски историски неправди кон Албанците, поделбата на нивните земји каде што Албанците беа секаде етничко мнозинство. Значи, тоа е идеја што се појави и конкретизираше во доцните 1870-ти години. Напорите на големите сили од тоа време беше да го негираат постоењето на албанската нација, да ја уништат и да ја поделат нејзината земја, рече Бериша, кој додаде дека идејата за промена на границите се појави во 2013 година со доаѓањето на Еди Рама на власт во Албанија,

Тој објаснува како, според него, Косово било ослободено.

Албанците во Косово се префрлија од мирен отпор кон вооружена герилска војна. НАТО со своето воено воздухопловство овозможи ослободување на Косово. Албанците во северна Македонија успеаја да го диктираат Охридскиот договор со закана со оружје. Албанците во Црна Гора играа клучна улога во независноста на Црна Гора, рече Бериша.

Тој смета дека напредокот во вистинската насока за конечно решавање на албанското прашање беше исклучителен.

Идеалот на албанското национално единство мислам дека е вечен. Но, сега мора да се има предвид дека и покрај основната улога на Албанците во овие процеси, нивните главни актери што ги дефинираа овие процеси беа наши меѓународни пријатели и партнери. Значи, принципот на партнерство и лојалност не дозволува еднострани одлуки или постапки на Албанците според меѓународно утврдениот статус и со нивно одобрување и усогласеност со меѓународни акти, договори и закони, продолжува Бериша.

Тој верува дека со помош на меѓународни фактори, оваа идеја ќе се реализира.

Затоа, целосното остварување на националното единство бара прво целосно разбирање за нашите главни сојузници, но и ослободување на нашите соседи од албанофобијата, како и сведоштво на Албанците пред меѓународната заедница дека овој процес ќе ги консолидира мирот и стабилноста во регионот, вели тој.

Тука сакам да додадам дека идеата за национално единство е промовирана и фаворизирана од главниот непријател на оваа идеа, големиот Србин, Александар Вучиќ, со неговото негирање на независната држава Косово и неговите територијални барања што предизвикуваат војна. Неговите ставови, целосно се заснова на доктрина за српската величина, Вучиќ поттикнува нова конфронтација меѓу Србите и Албанците и тоа покрај сè, ќе заврши со победа на Албанците над српскиот агресор, заклучува Бериша.