Само 18 часови траеше љубовта меѓу претседателот на државата Стево Пандаровски и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. По тие 18 часови љубов и разбирање Мицкоски го обвини Пендаровски дека е дволичен, дека на средбата зборувал, едно а пред новинарите нешто сосема друго.

Со месеци странците му сугерираа на Мицкоски дека ако сака да се бави со сериозна политика треба да ги одмрзне односите со Пендаровски, а 18 часови му требаа на Мицкоски пак да ги расипе.

Што е причината за ваквата промена на курсот на Мицкоски, која не го издржа тестот на времето ни 18 часови? Тоа е без дилема изјавата на Пендаровски дека на вчерашната средба за настаните од 27 април се разговарало само четири до пет минути. Тоа го руши наративот што екипата на социјалните мрежи, или популарното Дувло, го гради за Мицкоски и неговата жешка пролет. Прво дека го растурил пописот ( кој е само одложен за шест месеци ) и дека ќе ги извади од затвор “браќата од 27 април” или во најлош случај ќе се повтори судењето.

Затоа како студен туш беше дочекана изјавата дека за “браќата” се разговарало само неколку минути што не соодветствува со наративот за пролетната офанзива на “политичкиот супермен” од ВМРО ДПМНЕ.

Тоа е првата причина за траењето на љубовта од само 18 часови. Втората е дека до “спонзорите” стигнала веста дека на средбата Мицкоски “заборавил” да праша за “братот Орце Камчев” за кој се шпекулираше во скопските политички кулуари дека е еден од главните ако не и главен финансиер на твитер и фејсбук армијата на опозицијата!?

За да излезе од таа каша дека едно зборeл, а друго правел на средбата кај претседателот на државата, Мицкоски мораше да го обвини Пендаровски дека е дволичен или по нашки кажано дека “лаже”. За секој случај, да не излезе и да каже Пендаровски уште еднаш за што всушност се разговарало на Водно.

Целата анализа можете да ја погледате на следниот линк: