Кофи-шоповите, кои по број во Амстердам ги има 166, во иднина ќе бидат отворени само за жителите на градот, а не и за ордите туристи кои стандардно нагрнуваа.

Предлогот за ограничување на достапноста на кофи-шоповите е дел од поширока стратегија на Амстердам за потиснување на организираниот криминал и намалување на дрога туризмот.

Зад предлогот се полицијата, обвинителството и градоначалничката, а нивните очекувања се забраната да почне да важи во текот на следната година.

Претходно истражување на холандската влада покажа дека 58% од странските туристи што го посетуваат Амстердам, главно доаѓаат за да консумираат дроги. Според друга, доволни се 70 кофи-шопови за да се опслужуваат само локалците (градот има популација од околу 850.000 лица).

Претходно вакви забрани веќе беа воведени од Мастрихт и Хертогенбос по долгогодишни поплаки за претеран број на дувачи туристи од Белгија, Германија и Франција.