Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долга и тешка болест на 67-годишна возраст.

Најпознатиот текстописец на просторот на поранешната држава ги помина своите оследните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена затоа што се разболе и беше позитивна од корона вирус. Во вторникот, на 14 септември, ја примија во болницата и веднаш ја ставија на респиратор.

Како што пишуваат српските медиуми, последната желба на Марина била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта, а не во Алејата на заслужните граѓани.

Да потсетиме, пред 13 години, на 1 декември, Марина го загуби синот Милош Радуловиќ. Марина го пронајде мртов во семејна куќа во центарот на Белград, а тој беше погребан три дена подоцна на Новите гробишта. Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно почина, а Марина само еднаш зборуваше за нејзиниот најболен ден во нејзиниот живот.