Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, додека го започнува својот нов живот како жител на Флорида, во краткото обраќање во јавноста посочи дека ќе се врати на политичката сцена.

Ќе сториме нешто, но сè уште не – рече Трамп во краткото обраќање во неговиот ресторан.

Ова е прв пат Трамп да даде јавна изјава откако Џо Бајден положи заклетва и стана нов претседател на Соединетите држави.

Во средата наутро, пред да замине за Флорида, Трамп даде слични коментари за враќањето во некој формат.

Сакам да ви кажам дека иднината на оваа земја никогаш не била подобра. На новата администрација и посакувам многу среќа и голем успех. Мислам дека ќе имаат голем успех. Тие имаат основа да направат нешто навистина спектакуларно – им рече Трамп на приврзаниците неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден.

Сакам да знаете дека движењето што го покренавме само што започнува. Никогаш немало такво нешто, рече Трамп во вторникот во претходно снимено видео објавено на Интернет, пишува The Epoch Times.