Пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, синоќа бил однесен во полициска станица за арогантно возење во алкохолизирана состојба.

Како што дознаваме, за време на синоќешната рутинска контрола, Лукас најпрво бил запрен од полицијата во Бањица, по што побегнал, за потоа да биде претекнат и уапсен од друга патрола. Освен што бил во алкохолизирана состојба, тој наводно ја навредил и полицијата.

За да ја потврдиме оваа информација, го повикавме Лукас, кој одговори со навреди на негов начин.

„Последен пат се слушнавме синоќа околу 21 часот. Не сум свесен што се случило. Му се јавив утрово, тој не ми одговори на телефонот “, изјави неговиот менаџер .

По неколку часа утринава е виден Саша Поповиќ како е во близина на полициската станица, што укажува дека повторно ќе му помага на Аца Лукас. Претходно тој му имал позајмено огромна сума од над 200 000 евра.