Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман е обвинет за испраќање на тим елитни атентатори во Канада за ликвидација на поранешниот оперативец на саудиската разузнавачка служба, Сад ал Џабри (61).

Во документите од додието за овој случај кој се води во еден американски суд, наводно, се наведува дека планот за ликвидација на Џабри е направен непосредно по бруталната ликвидација на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција, пренесува Би-Би-Си, но долгогодишниот саудиски разузнавач пред три години избегал во канадскиот град Торонто, каде живее со приватно обезбедување.

Наводната ликвидација била откриена кога канадската гранична полиција открила членови на елитниот тим за ликвидации додека се обидувале да влезат на територијата на Канада преку аеродромот „Пирсон“ во Торонто, се наведува во записите на американскиот суд.

Џабри со години беше врската меѓу саудиските разузнавачки служби и британската МИ6 и другите западни безбедносни служби и, наводно, им предал документ од 106 страници на властите во Вашингтон за наводните обиди на саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман да го убие, спречувајќи го да сведочи за неговите сознанија за корупција и политички ликвидации кои ги спроведува елитен тим на платеници на саудискиот принц наречен одред на тигрите.

Џабри тврди дека принцот Мохамед се обидел да го убеди да се врати во Саудиска Арабија и дека во една прилика му рекол „Дефинитивно ќе стигнеме до тебе“.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *