Размерите на уништување најдобро можат да се видат на снимките направени од воздух на скоро целосно разрушената Петриња, уништена од земјотресот.

Голем број куќи во центарот на градот беа целосно срушени.

Силениот земјотрес што ги погоди Петриња и неговата околина однесе седум животи, а голем број луѓе беа повредени.

Колку разорна сила го погоди хрватскиот град, може да се види од воздушните снимки што се појавија на Интернет. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, ги опиша штетите од земјотресот, велејќи дека „половина град исчезна“.