Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг смета дека „црните“ тренери во фудбалот се дискриминирани и не добиваат вистинска шанса.

Стерлинг смета дека црномурестите фудбалери му донесоа прогрес на фудбалот, ако им се даде шанса и на тренерите, тогаш ќе има и подбори резултати.

„Протестот е добра работа, тоа е можност да се слушне гласот, како што е случај во Минеаполис. Но протестите како такви не можат да донесат прогрес, потребно е општествата да се менуваат, треба да се делува“.

„Во фудбалот „црните“ тренери се дискриминирани, не добиваат вистинска шанса, ако тоа се промени, фудбалот ќе оди уште повеќе напред“, смета Стерлинг.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *