Рускиот претседател Владимир Путин ќе објави дали и кога ќе сака да прими вакцина против вирусот корона, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ако и кога ќе сака да се вакцинира, тој самиот ќе ја информира јавноста за тоа, рече Песков за руските медиуми.

Првата вакцина против вирусот корона беше регистрирана во Русија во август, во текот на јуни и јули беше тестирана на волонтери, а минатата недела беше пуштена првата група на вакцини во цивилниот промет.

Вакцината беше именувана како Спутник V. Во тестирањето на оваа вакцина учествувала и ќерката на Претседателот Путин.

Рускиот претседател претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.