Првата дама на САД Меланија Трамп се огласи за прв пат откако вчера беше објавено дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп загуби на изборите и го повтори својот став дека треба да се преброи секој законски даден глас.

“Американскиот народ заслужува фер избори. Треба да се смета секој легален и реален глас, а не нелегален. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност”, напиша таа на Твитер.

Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, дека таа приватно му рекла на сопругот дека треба да го прифати пораз.