Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во Багдад во кој загинаа најмалку 32 лица.

Одговорноста за нападот ИД ја презеде преку својата агенција Амак, објави Ројтерс.

Двајца мажи се разнесоа во четвртокот во преполниот пазар во Багдад, убивајќи најмалку 32 лица во првиот голем самоубиствен бомбашки напад во Ирак во последните три години, соопштија властите, опишувајќи го како можен знак за повторно активирање на Исламската држава, пренесува Ројтерс.

Претставници на полицијата претходно соопштија дека се случиле две експлозии во централниот дел на Багдад, а ирачката државна телевизија објави дека станува збор за самоубиствени бомбашки напади, како и дека многу од ранетите се во сериозна состојба и дека е причинета поголема материјална штета.