Откако го растурија како “бугарска скупштина” на изборите, соработникот на бугарските служби и екс министер за одбрана, Красимир Каракачанов повторно реши да ги закопа Бугарите со својот кафански националзам.

Иако Бугарите јасно му кажаа што мислат за неговата политика, Каракачанов повторно ќе ги спасува Бугарија и Бугарите. Сега се јави да каже дека не смее да успеат обидите за откочување на македонско-бугарските односи.

Според негово мислење, во сегашната ситуација, промената на правецот кон Македонија ќе биде национално предавство. Ова го напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО Красимир Каракачанов по повод претстојните средби на бугарскиот претседател, Румен Радев со европскиот комесар за проширување, Олвер Верхељи и португалскиот министер за надворешни работи, Августо Силва.

Ниту еден нов креативен предлог кој не ги исполнува точките на Рамковната позиција на Бугарија од ноември 2019 година, поддржана со Декларација на Националното собрание, не може и не треба да биде прифатен, смета тој.

Според негово мислиње, никакви еднострани декларации или ветувања од Скопје кои не се обврзани со јасни механизми за следење, спроведување и санкции, не треба да бидат вклучени во самата рамка за преговори. Затоа, тие не можат и не треба да бидат прифатени.

Без јасно признавање на бугарските корени од Скопје, бугарскиот идентитет и јазикот на македонското население во минатото, не може да има промена во бугарската позиција, вели Каракачанов и додава:

Без непосреден прекин на негативната кампања на Скопје против Бугарија и вознемирување на луѓето со бугарски идентитет, не може да има промена во бугарската позиција.

Не се бугарските политичари, туку бугарскиот народ е тој, кој никогаш нема да дозволи никој да продолжи да се потсмева на неговата историја и споменот на нашите предци, кои ги дадоа своите животи за бугарштината во Македонија и за тоа Бугарија да ја има и да преживее, пишува Каракачанов.

Тој вели дека веќе 128 години, ВМРО е првиот и незаменлив столб на бугарството. Ова ќе остане така и во иднина! Не може да има компромис со лаги и измами.