Педалинката на која се возеше момчето што исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро беше исправна и не се преврти, туку момчињата скокаа од неа во водата, вели Ведат Адемовски од Асамати, сопственик на педалинките во Претор.

  • Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода, вели Адемовски.

Во туристичката населба Претор продолжи потрагата по 16-годишниот И.М. од Ресенско кој во неделата исчезна во водите на Преспанското Езеро додека возеа педалинка со други две момчиња. Во пребарувањето беше користена и долга рибарска мрежа- влак, но се заплеткувала со треви од езерото. Од завчера водите ги пребаруваат и нуркачи од Охрид, но до денес без успех. Во попладневните часови се приклучи и специјална единица од МВР.


Напишете коментар