Пред неколку дена, во Милано, на 40-тиот роденден на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, пееше Нада Топчагиќ и тоа беше големо изненадување за славеникот.

Познато е дека Ибрахимовиќ не ги крие симпатиите кон песната на пејачката Утро е, а Нада Топчагиќ не го крие задоволството што учествувала на прославата на роденденот на фудбалерот.

Јавноста шпекулираше за тоа колку пари Нада доби за да се појави во Милано, додека некои српски медиуми пишуваат дека Топчагиќ наплатила 30.000 евра за нејзиниот настап.

Сепак, пејачката го негираше тоа. Прво, таа напиша на Инстаграм дека тоа се измислици и лаги објавени од оние „кои водат одвратна кампања“ против неа и нејзината кариера, но и нејзиното семејство.

Медиумите објавија дека сум зела 30 илјади евра од Златан. Слушајте луѓе, можеби и јас така би помислила за другите колеги, но јас не зедов ниту цент. Секогаш ја кажувам вистината. Верувајте ми, не земав пари ниту за патни трошоци. Лута сум поради таквите приказни. Ние отидовме и се вративме. Зборувам јавно за се, тоа беше подарок на Ибра за се што направи за мене. Ова ќе влезе во аналите и историјата. Тоа никој од моите колегите го нема доживеано, рече пејачката гостувајќи во една телевизиска емисија.

Таа откри дека ја добила поканата да настапи три дена пред роденденот на Ибрахимовиќ и дека првично се премислувала, но дека одлучила да оди по убедување на нејзината кума.

Да потсетиме, Златан Ибрахимовиќ се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо со воведните тактови на песната на Нада, Утро е, а пејачката ја коментираше:

Никој не ми се јави поради тоа, сите само зборуваат за тоа. Еден таков одличен спортист да се појави на сцената на Санремо со мојата песна е невообичаена чест и задоволство. Мислам дека ниту еден од музичарите од овие простори го нема тоа доживеано.

Инаку, фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ во неделата вечер го прослави својот роденден во Милано, а специјална гостинка беше Нада Топчагиќ.