Се отвара тестаментот на патријархот Иринеј, по што ќе биде јасно која е неговата последна желба и каде ќе биде погребан.

Тестаментот ќе биде отворен во присуство на највисоките црковни соработници на блажениот патријарх.

Да ве потсетиме, патријархот Иринеј почина на ВМЦ Карабурма како резултат на вирусот корона. Тој беше примен во болницата на 5 ноември, а почина нешто по 7 часот утрово.

Неговото тело ќе биде пренесено од ВМЦ Карабурма во Катедралата, каде верниците ќе можат да се збогуваат со него.

Во утринските часови, ковчегот ќе биде пренесен во Храмот Свети Сава.

Погребот најверојатно ќе се одржи во недела.